Столчето во НАТО не значи дека Македонија влегла во НАТО. Македонија ќе влезе во НАТО за една година од сега, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Печат на неделата“ на Сашо Ордановски на ТВ1.

Мицкоски делумно се согласи со забелешката на Орданоски дека на почетокот „тргнавте со погрешна проценка дека Заев нема да се договори со Ципрас и кога тргна реализацијата на договорот, не оставивте простор за корекција“.

Навистина можеби и ќе сложам со вас до некаде. Ни во најлошиот сон не верував дека македонски политичар може да направи ваков договор. Тоа е практичнио капитулација на македонскиот народ и држава. Сега бев во Брисел разговарав со нашите партнери и со партиите кои се сестрински, имав состаноци со многу европратеници така што да сумирам во еден одговор да навистина не можев да поверувам дека заевизмот до толку ќе земе замав, да тоа кое што пред година и половина изгледаше незамисливо, за жал двоецот Димитров- Заев успеа да го направи тоа, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека не прифаќа капитулација, а уште помалку ултиматум.

Кога ја коментираме содржината на дог ќе ја коментираме точка по точка. Ние апсолутно не можеме да подржиме документ во кој се прифаќа промена на уставното име. Според толкувањето на грчките политичари не постои македонска нација, туку граѓани на Република Македонија јазикот кој до вчера беше македоснки сега е со фуснота. Ако ние успеавме се тоа што претходно сме го стекнале да го изгубиме не можам да се согласам. Тоа е спротивно на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Во самото ваше прашање е одговорт. Самото тоа што кажавте зошто договорот е капутилански, покапитулански не може да биде, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.