Во гостувањето во „Топ тема“ лидерот на опозицијата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека граѓаните на Република Македонија немаат доверба во системот и немаат доверба во правосудството. Според него со Добрила Кацарска како Уставен Судија не може да има реформи во правосудството.

Проблемот во Македонија е што, граѓаните, младите луѓе, оние повозрасните, сите, немаат доверба во системот, затоа што се чувствуваат и безпошомошно. Денеска гледаме дека Добрила Кацарска ќе станувала, уставен судија, ќе добила унпаредување поради тоа што добро одработила изминатиот период. Не може да има реформи со неа. Видете и кој го избира судскиот совет кој не ја предлага. Вие не можете да имате доверба во судството, ќе се чувствувате обесправени секогаш, затоа што ние гледаме како политичар бара мито и тој политичар поради процедурални причини е на слобода, вели Мицкоски. Да не заборавиме дека судскиот совет денес ја предложи Добрила Кацарска да биде унапредена како уставен судија, но на самата Кацарска неодамна од страна на Уставниот суд и беа поништени решенија како противуставни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.