Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Клик Плус“ рече дека не може власта да се однесува надмено и не може власта да се однесува како да има сто пратеника.
Она кое би сакал да се навратам е следново. Уште во септември, односно октомври месец предупредив дека ќе се случи ова бидејќи ова владино мнозинство вакво какво што е речиси 50-50 се поделени би рекол бројките во рамките на Парламентот, 50% е опозиција, 50% е власт. Сега јас зборувам од името на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ претпоставувам дека другите опозициски партии Левица, Алијанса на Албанците, Алтернатива ќе зборуваат за себе. Но тие се сите опозиција, барем така функционираат во рамките на Парламентот и имаме власт која отприлика е 50-50. Јас реков дека ќе се доведеме во една непријатна и тешка ситуација бидејќи не може власта да се однесува надмено и не може власта да се однесува како да има 100 пратеника. Конструктивноста е двосмерна улица, за да биде опозицијата конструктивна мора да биде и власта конструктивна односно да има дијалог – истакна претседателот Мицкоски во своето гостување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.