За лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, давање поддршка и легитимитет од страна на некоја партија кон актуелната власт е нелогичен чекор, бидејќи како што кажа, постојат многу параметри коишто актуелната власт ја прават најлоша во последнива 30 години.
Во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, говорејќи за можноста Алтернатива да стане дел од владејачката коалиција, Мицкоски рече:
-Вие да дадете легитимитет и да влезете во таква влада за мене претставува навистина нелогичен чекор, но од мене не би било политички културно да се мешам во внатрешните работи на политичката партија Алтернатива. Нивното раководство, претпоставувам, води сметка за иднината на таа партија, лидерот, господинот Африм Гаши, претпотавувам дека го има предвид сето ова што го зборувам и ако тој донел таква одлука мислам дека е погрешна, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.