Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за чистката што ја најави премиерот Зоран Заев во администрацијата. Иако рече дека ја примил пораката, очигледно е дека не ја научил лекцијата. Затоа на 5 мај мора да добие лекција.
Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти, името му е Зоран Заев.
Зашто ветувањата за 500 евра плата не ги даваше некој друг, туку токму тој Зоран Заев.
Ветувањето за живот во Македонија, за повеќе пари за земјоделците, за 100 000 денари плата за лекарите, за правда и мир не ги даваше друг, туку тоа беше Зоран Заев.
Ветувањето дека нема да чепка во Уставот, дека името му е жицата од гитарата, и никој да не му ја чепка, беа зборови на Заев.
Ветувањето дека ќе расчисти со двајца министри осомничени за корупција во неговата влада уште пред две години, не ги даде некој друг туку токму Зоран Заев. Нема резултати.
Тој ги изневери и излажа граѓаните. Ја донесе апатијата и разочараноста во државата.
Ставот дека сите други погрешиле, но само тој е чист, е потценување на граѓаните.
Затоа на 5 мај мора да добие лекција која очигледно не ја научи оваа Недела.
Време е народот да му одржи лекција, време е да се каже доста е на лагите. Нема повеќе.
Време е за правда, за Македонија!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.