Во вечерашното гостување во емисијата Клик плус на ТВ 21 лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испровоциран од изјавата на претседателот на Собранието Талат Џафери дека не бил поканет на новогодишното обраќање на претседателот Пендаровски, затоа што лидери на политички партии не се канеле рече дека станува збор за нов протокол, затоа што изминатите две години присуствувал на новогодишните обраќања на претходниот претседател.
За инаугурацијата исто така не се канеа. Не ја разбирам оваа политика. Поранешни претседатели се канат, па зошто не беа поканети и претседателите Ѓорге Иванов и Бранко Црвеновски? Што не ги поканеле нив ако лидерот на опозицијата е неважен, небитен? Видете, луѓето се трудат колку што е можно повеќе да избегаат од мене, затоа што се исплашени. И кога ќе се сретнете со тој човек, ќе ви рече дека е доволно далеку и доволно блиску и од власта и од опозицијата, но не е така. Тој се уште не излегол од чевлите на обичен портпарол на СДСМ, рече Мицкоски мислејќи на Пендаровски.
Тој додаде дека лидерот на опозицијата не може да се игнорира без разлика дали е по протокол или не, зашто на крајот на краиштата луѓето ги прават протоколите, особено што две години било по протокол да присустввуа, а третата веќе не е.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.