Навивам за Работнички, 2-3 пати во неделата сум на Водно, а 2-3 пати во теретана, изјави во вечерашната емисија на Алфа Телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Два до три пати неделно сум на Водно, а два до три пати сум во теретана и еден ден правам пауза. Да ја сум сериозно „исфрустриран“ пропаднат спортист, се шегувам, бев сериозен баскетџија во маало дури и имав и обиди да тренирам во Работнички, кај сега веќе покојниот тренер Драган Василов-Цевка. И во еден второлигашки, локален, маалски клуб така се организиравме ние баскетџиите па игравме бидејќи немаше кој да игра во тој клуб. Меѓу нив интересно е играше со нас заедно, постар беше од нас, повозрасен Томи Стефановски нашиот маратонски пливач, ние Флегма го викавме, тој беше исклучително добар баскетџија во маало. Многу сакав кошарка во тоа време растевме со Тони Кукoч мене ми беше тој идол. Потоа дојде НБА. Сепак Работнички за мене е клубот за кој што навивам, нагласи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.