Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го опиша како дел од политичката естрада. Мицкоски потенцираше дека Република Македонија се соочува со сериозни проблеми на полето на економијата, земјоделието и здравствената криза за да се коментираат луѓе кои на полноќ им текнува да организираат протести.
Ние денеска наместо да зборуваме за 870 новозаболени, ние наместо денеска да зборуваме за нови 15 лица кои за жал го загубија животот поради неспособноста на Владата, за катастрофата во економијата, за дебаклот во образованието, за земјоделците кои што се буквално на колена и се плашат како ќе ја помината зимата, ние сега зборуваме за политички естрадни уметници кои во 12 после полноќ пишуваат полниќни статуси и сега наместо за ова зборуваме за тоа. Обичниот граѓанин не го интересира дали ќе има конгрес, обичниот граѓанин го интереси дали неговата работа е стабилна, дали ќе имаме помалку заболени од Ковид, дали ќе имаме помалку починати од Ковид, дали ќе добијат соодветно образование, здравствена нега, дали земјоделецот ќе добие навреме субвенции и откуп. Тоа се суштинските работи – вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.