Во гостување на вестите на Сител телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се осврна на моменталната политичка ситуација во државата, лошите владини политики, како и чекорите кои граѓаните можат да ги очекуваат од ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период.
Мицкоски потенцира дека е крајно разочаран и револтиран поради неработата и несериозноста на Владата, затоа што високите претставници на власта, наместо да се борат за вакцина повеќе за секој граѓанин, патуваа по егзотични места и трошеа народни пари. Мицкоски истакна дека тоа го покажува нивото на сериозност и кадарност на луѓето кои се поставени на високи функции од кои зависат огромен број на граѓани.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, потенцира дека Република Македонија се соочува со страшни и поразителни бројки на заболени и починати од Ковид-19 вирусот, а таквата слика укажува на фактот дека државата не се справува добро со оваа здравствена криза, како што тоа го пласира во јавноста Заев и неговиот миленик Филипче.
Граѓаните се чувствуваат небезбедни и немаат верба во институциите. Во ова време-невреме кога наши сограѓани буквално молат за вакцини и за адекватни лекови, Николовски и Рашковски заминаа да одмораат во Мексико и Дубаи и да трошат народни пари. Тажно е што сите наши сограѓани мораат да се надеваат дека овие луѓе ќе им помогнат во борбата со корона вирусот. Очигледно ним не им е важно здравјето на граѓаните, туку своите кариери и материјални придобивки – изјави Мицкоски
Тој порача дека власта наместо да трча по провизии, требало да се ангажира како да најде вакцини за граѓаните.
За жал, без набавени вакцини сведочиме на огромни бројки на заболени и починати граѓани од корона вирусот. Заев и неговите соработници можат упорно да ја затскриваат својата неспособност, набедувајќи ги сите други како виновници, но граѓаните јасно гледаат дека овие луѓе не заслужуваат да ја водат државата и треба да сносат одговорност за сите пропусти – заврши Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.