При гостување во вестите на ТВ „Сител“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, зборуваше за моменталната политичка ситуација во државата, секојдневните проблеми на граѓаните, како и лошите владини политики во однос на борбата со Ковид-19 вирусот.
Мицкоски потенцираше дека оваа Влада е синоним за криминал, рекет и корупција, поради тоа што секојдневно излегуваат нови скандали на виделина, а последен во низата е скандалот во РЕК Битола. Според него, уште поголем скандал е што одговорните институции наместо да реагираат и да ги приведат луѓето кои правеле криминал, тие се занимаваат со луѓето за коишто сметаат дека ги дале информациите до ВМРО-ДПМНЕ.
Ние како политичка партија ги доставивме документите и доказите за да се спроведе процедура од ЈО, исто така документите докажуваат дека луѓето кои ги дале информациите не се партиски послушници како што СДСМ сака да ги прикаже пред јавноста, задскривајќи ги криминалите во сопствениот двор.
Симптоматично за СДСМ и Владата предводени од Зоран Заев е тоа што секогаш кога се фатени со рацете во криминал, тие ја префрлаат топката во туѓи дворови и напаѓаат други политички партии. Наместо да манипулираат со јавноста и секојдневно да лажат со цел да ги сокријат функционерите кои што крадат народни пари, нека се одважат да кажат дека во редовите имаат коруптивни личности, кои што оперираат насекаде низ државата, па и во РЕК Битола – вели Мицкоски.
Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ е запознаено со низа криминални и коруптивни скандали од страна на власта и дека јавноста ќе има шанса да ги види и да сведочи на тие криминали во наредниот период, кога граѓаните ќе можат да ја спознаат сликата за оваа криминална власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.