Лидерот на опозицискта ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека најавите за учебниците на министерката Мила Царовска се една обична глупост.

Јас не можам да разберам како еден социјален работник и поранешен активист во полето на социјалната работа нема чувство во која насока треба да се водат реформите во образованието. Ако ние после секој министер ги трпиме неговите фрустрации и правиме континуирано глупави реформи, тогаш овие деца што ги гледаме тука ќе ги трпат последиците бидејќи тие не заслужуваат да бидат жртви на фрустрациите на министрите без разлика од која политичка партија доаѓаат, но оваа глупост е врвот на глупостите, рече Мицкоски.

Според него, не постои држава во светот каде децата немаат можност да учат од хартиен учебник. Рече дека околу 25.000 деца нема да имаат можност да учат од дигитален учебник. Најави сериозна блокада на Собранието доколку Законот биде вратен со европско знаменце.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.