Институците ги дадоа одговорите за Кичеец и Рашковски. Немам што да додадам или да одземам. Тоа се одлуки на правосудните органи, апсолутно надвор од мојата матрица на размислување е да се мешам во тоа што го одлучува судската власт. Само, уште еднаш ќе кажам, никој не е над законот, ниту е или треба да биде привилегиран. Законите важат еднакво за сите, рече вечерва премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во тв-дуелот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Заев рече дека верува во праводсуството иако тоа, секако, напомена, треба да се унапредува.
Мицкоски, пак, најави дека утре ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава за случајот со ЈП „Водовод“, како и дека следните денови ќе обелоденува нови коруптивни афери.
– Ќе го охрабрите ли Обвинителството да покрене постапка за случајот со ЈП „Водовод“, праша Мицкоски, а Заев му одговори кога зборува за вакви случаи, да доставува и докази. Повтори и дека никој не е над законот.
Во текот на соочувањето на тема корупција, Заев рече дека 11 години во државава беше воспоставен систем на криминал и корупција, а денес владее комплетна слобода и демокртија.
– Граѓаните денес може да зборуваат слободно за се. Вистината е една – денеска има отворени кампањи, секој е еднаков пред законот, нема некој што е поштеден зашто е близок до власта, секој одговара, има јасно воспоставено незвисно судтсво. Вкупно 16 судии се разрешни од Судскиот совет, се гонат сите што не делат правда, се гонат сите по допрен глас и ако има докази, има јасна антикорупциска политика. Продолжуваме со нашата борба, почнавме и кампања, сега ги вградуваме алатките и на локално ниво за да ја подигнеме свесноста на граѓаните, а побаравме помош и од меѓународните институции, истакна Заев.
На тоа Мицкоски рече дека сака да зборува само со бројки и ги изнесе последните неколку извештаи на Транспаренси интернешнал.
– Тоа е реалноста. Се останато е филозофија и бркање магла. Затоа сме на дното по бројот на инвестици и по починати од КОВИД, царува криминал и коруција, според „Економист“ втора година по ред сме хибриден режим. Тоа е вашата заслуга, рече Мицкоски.
Заев врати дека граѓаните не се со слабо памтење и дека тоа што го зборува Мицкоски е за периодф од четири години што не може да се спореди со 11, време кога владееше ВМРО-ДПМНЕ.
– Ние не бегаме од резултати, сакаме да се соочиме и да се справиме со нив. Ги прифаќаме бројките, но и работиме на тоа да ги намалиме. Ни дома не можете да го објасните тоа во што сакате да ги убедите граѓаните – дека помала била корупцијата за време на ВМРО-ДПМНЕ, рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.
Заев и Мицкоски претходно се соочија и во врска со пописот, претстојните локални избори и модлуарната болница во Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.