Битката е против мафијата на власта. Крајната цел на протестите е што побргу оваа власт која ја води во амбис државата да си замине. Оваа влада ги покраде изборите и веќе не можеме да чекаме ни минути. Еден од начините на дејствување е опозицијата но и во инстуцијата, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицоски во емисијата „Само вистина“.
Тој ексклузивно најави дека во скоро време во Собранието ќе има надзорна расправа за поскапувањето на струјата, за Еуростандард банка но и за онаа како што ја нарече „берберницата“ која користи европски пари.
Цената на ел енерија е променета на шверцерски начин и мораме да се бориме. Како опозиција легитимно е да излеземе на улица и пораката да стигне до што повеќе луѓе.Поскапувањето е многу повеќе, околку 10% , не е точно дека имаме најниска цена на струјата-рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.