Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешната средба со занаетчиите одговарајќи на новинарско прашање кога очекува да започне седницата за интерпелацијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во собранието за Љупчо Николовски, Бојан Маричиќ и Никола Димитров, рече дека според најавите се очекува утре да биде ставена на дневен ред интерпелацијата за Димитров, додека за интерпелација на Николовски и Маричиќ како што рече тој се надева дека ќе се охрабрат во најскоро време.
Димитров, интерпелацијата е ставена на дневниот ред или барем такво ветување има дека утре ќе биде на дневен ред, во среда. Што се однесува до овие двајца министри за неправда и корупција се надевам дека во најскоро време ќе биде ставена на дневен ред точката, ќе се охрабрат, за да може да ги аргументираат постојните позиции пред пратениците во рамките на Парламентот, бидејќи ние можеби нешто не знаеме што тие знаат, или можеби ние не гледаме нешто што тие гледаат. Но, она што е јасно е дека Македонија е на 111-то место на листата на Транспаренси Интернешнл која што го мери нивото на перцепција на корупција во една држава, според дефинирана методологија и ги опфаќа параметрите кои што се случиле во последните две години. Според последните две години, перцепцијата за нивото на корупција во Македонија е убедливо најголема во регионот. Убедливо најголема во регионот. Во времето на т.н. режим бевме 45 места подобро пласирани од денеска односно 65-тото, 66-то место во 2015-тата година. За жал, се срамам денеска што сум дел од сето ова политичко мочуриште и морам вака да зборувам, во животот секогаш сум се борел да бидам и сум се трудел да бидам прв, но за жал денеска се трудам да не бидам последен бидејќи оваа неспособна влада не отера на тоа место. Ние сме денеска најкорумпираната држава на Балканот. Подобро од нас се пласирани Косово, Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Романија, сите држави во регионот. Македонија е најкорумпираната држава. Овие луѓе наместо да ги пишуваат оставките, наместо веднаш да ги напишат оставките, тие уште ги гледаме како се перчат пред медиумите и како повторно се обидуваат да ја префрлат нивната коруптивност на некои минати времиња пред 10 или 15 години кога за нивна жал државата била во првите 65 во светот – кажа Мицкоски.
Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на Заев дека се потребни шест до седум години за да има ефект од борбата против корупција, рече дека се потребни само шест до седум дена доколку Заев сака да започне да се справува со корупцијата само ако почне од себе и своите блиски соработници.
Па, јас мислам дека се потребни не повеќе од шест до седум дена. Нека почне со тие околу него и самиот тој, и мислам дека работата ќе биде многу брзо завршена. Нема потреба од шест до седум години. Вакви лопови не запаметила Македонија – додаде Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.