На ВМРО-ДПМНЕ му недостасуваат само два пратеници за да се турне оваа Влада, а само три пратеници за ја да преземе власта, тврди лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
„ВМРО-ДПМНЕ будно ќе ги следи процесите во Собранието и вон него, а СДСМ нека биде уверено дека им следи пеколен период во 2021 во која ќе треба да се соочат со многу работи“, истакна Мицкоски во интервју за Канал 5 говорејќи за актуелната политичка состојба во земјава.
Тој ја обвини Влада дека на дневна основа, како што рече „секојдневно прави глупости и несериозни чекори“, што создава дилема дали на такви луѓе треба да им се дозволи и понатаму да раководат со земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.