Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во Дневникот на Сител телевизија остро критикуваше дека на власт се дезертери и криминалци кои ја доведоа државата до апокалипнично сценарио во кое секојдневно умираат луѓе, а функционери од власта се сончаат по плажи и тераат одмори наместо да преземат одговорност.

Ние го губиме суверенитетот секојдневно гледаме како луѓе одат да се вакцинираат во соседството затоа што немаат иззлез тука, гледаат дека станува збор за тотално самобендисани и исфрустирани неработници кои освен на провизии и криминал на ништо друго не мислат – изјави Мицкоски.

Мицкоски вели дека Заев радосно ги најавил вакцините кои наводно требаше да стигнат во декември, па јануари, па февруари, а сега дојде април и вакцини се уште нема.

Април дојде, ниту „Фајзер“ се виде, ниту вакцини се видоа и наместо одговорност за сето тоа кое и го нанесоа на нацијата и државата уште ги гледаме како самобендисано изглегуваат на прес конференциии и кажуват дека заслужувале тродневен одмор во услови кога дневно умираат по 30-тина луѓе, кога италијанско сценарио ни е во клиниките и кога илјадници се заболуваат, а се тоа се трауми за семејствата –  критикуваше Мицкоски.

Мицкоски порача дека тоа се дезертери и криминалци затоа што наместо оставка и поднесување одговорност власта ја убедува јавноста дека заслужувале одмор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.