Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имаше средба со Олин Ветингтон член на Управниот Одбор на ИРИ, Овен Паун директор на ИРИ за Македонија и Илина Мангова програмски директор на ИРИ. На средбата се разговарало за поддршката од меѓународни партнери за обновата на Македонија и развојните процеси кои треба да создадат посилно општество.

Имав срдечна вечера со Олин Ветингтон член на Управниот Одбор на ИРИ, Овен Паун директор на ИРИ за Македонија и Илина Мангова програмски директор на ИРИ. Заедно со Стефан Андоновски и нашите пријатели од ИРИ разговаравме за поддршката од нашите меѓународни партнери за обновата на Македонија и развојните процеси кои треба да создадат посилно општество, напиша Мицкоски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.