Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка, Тимчо Муцунски, остварија средба со Дерек Мичел, претседател на Националниот демократски институт (НДИ) од САД.
Мицкоски го поздрави ангажманот и соработката на НДИ со ВМРО-ДПМНЕ и изрази подготвеност за продолжување и унапредување на досегашната соработка се со цел зајакнување на демократските процеси во државата.
Соговорниците разговараа и за резултатите од локалните избори, за коишто Мицкоски нагласи дека граѓаните јасно порачаа дека се потребни промени кои ќе обезбедат нова иднина и нова стабилна влада која ќе ги рефлектира барањата на граѓаните.
Сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за подобра иднина на сите граѓани на државата и реализирање на клучните проекти кои што ги ветија во изборната кампања – истакна Мицкоски.
Воедно, тој посочи дека е потребно целосно испитување на злоупотребите на државните институции во изборниот процес и недемократските средства со кои се служеше власта во заминување.
Соговорниците се согласија дека соработката со НДИ треба да продолжи и во иднина во насока на подобрување на демократските процеси на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.