Бев на кафе дружба со младите од Куманово. За жал во нивните очи се гледа само безизленост од очајната ситуација во која се наоѓа државата. Сите се со иста намера да се отселат од Република Македонија и да си ја бараат среќата надвор, напиша на својот Фејсбук профил, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој понатаму напишa:

Велат, никогаш не било полошо, никогаш не било по безнадежно. Освен вработувања на роднини на функционерите од власта, никој друг нема шанса да се вработи според своите капацитети, без разлика на образованието и жртвата која ја понеле да се остварат како професионалци во областите.

Заедно ќе застанеме пред предизвиците и заедно ќе изградиме иднина за нас и за идните генерации.

Поддршката за професорката Силјаноска ќе значи почеток на градење на една нова перспектива и иднина за сите млади во Република Македонија.

Заедно ќе победиме!!!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.