Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Брисел имаше средба со потпретседателот на Европската народна партија и претседавач со Комитетот за меѓународни односи при ЕП, Дејвид Мекалистер.
На средбата се дискутирало за Македонија и нејзината иднина, а Мицкоски ја пренесол и неговата загриженост за растечката корупција и отсуство на владеење на правото во Македонија.
Таквиот недостиг и отворено бегање на власта од парламентарни избори кои ќе гарантираат дополнителни механизми да се спроведе волјата на граѓаните, отвора сериозен сомнеж дека власта сака да ги фалсификува и следните претседателски избори, предупредува Мицкоски, додавајќи дека фер претседателски избори мора да се важен предуслов за напредување на европската агенда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.