Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски остварија средба со Каролине Едштадлер, министер за Европа и Устав на Австрија.

На средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ги афирмираше добрите билатерални односи на Австрија со Македонија и се заблагодари за принципиелната поддршка за евроинтеграцискиот пат на нашата земја.

Мицкоски нагласи дека отворањето на пристапните преговори, без дополнителни услови надвор од основачките принципи на ЕУ, треба да се случи час поскоро. Истовремено, во Македонија се потребни суштински реформи во правосудниот систем и борбата против корупцијата, а за жал во последните години гледаме постојано назадување токму во тие области.

Мицкоски и Едштадлер разговараа за потребата од систематски реформи насочена кон правна сигурност, деполитизација на правосудството и јавниот сектор како и зголемена економска и трговска соработка помеѓу Македонија и Австрија.

Денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Aleksandar Nikoloski и секретарот за меѓународна соработка Timco…

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, May 4, 2021

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.