Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓаните на Вевчани.

Бев во Вевчани, место со посебна енергија, место кое е борец за правдата, за вистината, за Македонија. Правдата во Македонија има непријател и тој се вика Зоран Заев. Тој заедно со неговите луѓе се носители на неправдата во нашата држава. На овие избори да им дадеме жолт картон, пред исклучување. Зошто ако не, ќе мислат успеале да ве измамат и им поминало. На Македонија и треба надеж, таа надеж се вика правда за Македонија. Јас верувам во таа надеж, верувајте и вие, заедно ќе се избориме.
Дојде тоа време кога цврста жена како Гордана Силјановска Давкова треба да ја штити правдата и интересите на државата. Претседателка која ќе се стави крај на демакедонизацијата, ќе биде на страната на правото и правдата, која ќе се бори за закони во рамките на Уставот, која ќе гради дипломатија базирана на компетенции.
Да се избориме за правда за Македонија. Татковината повикува!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Дојде тоа време кога цврста жена како Гордана Силјановска Давкова треба да ја штити правдата и интересите на државата. Претседателка која ќе се стави крај на демакедонизацијата, ќе биде на страната на правото и правдата, која ќе се бори за закони во рамките на Уставот, која ќе гради дипломатија базирана на компетенции.
Comments are closed for this post.