Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со советникот за надворешна политика на претседателот, Стефан Андоновски, вчера оствари средба со Арне Санес Бјорнштад на кого му го честита изборот за Специјален претставник за Западен Балкан на Министерството за надворешни работи на Норвешка.
На средбата дискутираа за тешката состојба во Република Македонија, а особено во врска со проблемите со владеење на правото, корупцијата и секојдневните афери и скандали, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот Мицкоски ја повторил поддршката која ВМРО-ДПМНЕ ја дава секојдневно за добивање датум за преговори со Европската унија и желбата час поскоро да се отпочнат процесите на преговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.