Има механизми да ја принудиме власта да прифати брзи парламентарни избори, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, не прецизирајќи кои би можеле да бидат тие.

Мицкоски во емисијата „Патот кон…“ на телевизија Алсат-М изјави дека оние кои велат дека изборите ќе бидат регуларни во 2024 година, ќе се уверат дека ќе има избори напролет.

По неуспехот на иницијативата за уривање на Владата, Мицкоски вели дека има постојана комуникација со Алијансата за Албанците и со нејзиниот лидер Зиадин Села, но и со претседателот на Алтернатива Африм Гаши, чии неодамнешни постапки, оценува тој, изградиле бариера меѓу нив.

Мицкоски наскоро ќе поднесе кандидатура за претседател на ВМРО-ДПМНЕ за уште еден мандат, а засега нема противници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.