Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Ал Џезира вели дека обединувањето со коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива со ВМРО-ДПМНЕ е се со цел да се изгради заедничка држава во која сите граѓани ќе бидат задоволни, бидејќи како што рече тој доста им е на луѓето од создавање на поделби и вештачки конфликти.

Овие предизвици кои се случија со Ковид пандемијата сите не натераа да размислуваме малку од тоа што било во минатото за разлика од партиската и политичката елита која во овој момент ја води Македонија која се уште е заглавена во криминалот и никако да излезе од тој криминал. Но, генерално човештвото па и тука во Македонија работите се менуваат и начинот на живот и начинот на размислување и ценам дека на луѓето им е преку глава од создавање на артифицијални вештачки конфликт, едноставно сакаат да видат иднина и да видат надеж, потенцираше Мицкоски.

Токму тоа беше мотивот и причината ние како најголема политичка сила во Македонија седнеме заедно со Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива предводена од Зијадин Села и Африм Гаши да разговараме за иднината, додаде Мицкоски во интервјуто. Тој објасни дека на средбите се разговарало за тоа како да се изгради заеднички држава која сите ќе ја сакаат и ќе ја почитуваат без разлика на нашиот етникум или нашата конфесија.

На крајот од денот ние сите сме се родиле во нашата Македонија, тука сме тагувале, тука сме се радувале. Така што тоа беше единствениот мотив и цел да се обединиме во една ваква коалиција за иднината, коалиција против корупција, рече претседателот Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.