Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на промоцијата на кандидатот за градоначалник на Гевгелија, Андон Сарамандов, најави дека по промената на власта во Македонија, ќе биде испитан имотот на градоначланиците и доколку биде утврдено дека тие противзаконски се стекнале со имот, тој имот ќе биде конфискуван.
„Комшиите градоначалници“ од власта кои се со по еден стан од секоја нова зграда ќе им биде испитано потеклото на имот и ќе бидат проверени дали имаат скриен имот.
Тоа се повеќето кметови од власта во поголемите градови каде обилно се гради, па во секоја зграда наместо куферче во кеш добиваат станови во посед. Ги викаат „комшии“ не затоа што се отворени кон народот, туку затоа што се отворени за криминалот.
Е, затоа ќе одговараат, а становите ќе им бидат одземени веднаш по смена на власта. Тие би биле одлични домови за многудетни семејства или луѓе кои немаат црвст покрив на главата. Тоа ќе се случи веднаш по промената на власт – порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.