Вечерва во седиштето на партијата заседава Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Според нашите информации, на седницата станало збор и за можните комбинаторики за идно коалицирање.
Комитетот едногласно го овластил лидерот Христијан Мицкоски да преговара за идно коалицирање и обезбедување на мнозинство.
Мицкоски во обракањето пред членовите на ЦК изјавил дека ќе направи сè што е во негова моќ да обезбеди мнозинство за состав на новата влада, но власт не по секоја цена.
Црвените линии се нашите принципи и вредности во кои веруваме а врз кои поцива идејата за вмро и современата македонска држава, изјавил Мицкоски по што имало громогласен аплауз.
Расправата продолжува со дискусии на повеќе точки од дневниот ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.