Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во емисијата Магазин на телевизија Сител на граѓаните им го честиташе Божиќ и им помаса здравје, среќа и успех. Ова е празник кој се поминува со најблиските, семејството, па така и јас, додаде тој, сум дома со најблиските.

Најчесто наутро одиме во еден од соборните храмови, тоа е најчесто централниот соборен храм. Одам со сопругата, децата мајка ми и и татко ми, а доаѓа и сестра ми и зетот, потоа на домашен ручек, мајка ми готви, рече Мицкоски. Мицкокоси рече дека јануари е интересен месец за неговото семјество. -Именден е на постариот син Јован и на другиот Антониј, едниот е на 20 другиот е на 30 јануари така кај нас јануари се празнува, кажа Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.