На прашањето дали денска се случи пуч во Македонија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во Отворено студио, рече дека Заев и Џафери во суштина извршиле атентат врз Македонија а дека на денешниот ден му претходело она што го обзнани претседателот на Собранието во врска со законот за јазици.

Вчера гордо на социјалните мрежи Џафери заедно со луѓето кои се дел од ДУИ и се функционери во Владата на своите ФБ профили на социјалните медиуми објавувајќи знаме на соседна држава го славеа она што го направи претседателот на Собранието. Противуставното потпишување на закнот за јазици, денеска доби продложение, кога директорот на Службен весник го објави указот. Со тоа пред себе си создадоа алиби дека законот е во употреба и правосилен, вели Мицкоски.

Мицкоски рече и дека до одреден период тактизираа, лажеа, создаваа алиби за уценетите пратеници се со цел, како што рече да заврши еден друг процес.

Кога заврши тој процес, на ред дојде она што се случи во петокот, а сега со денешниот ден го довршија атентатот врз Македонија, рече Мицкоски.

За тоа кој е виновен и кои се главните актери за извршување на атентатот, Мицкоски вели дека првата улога ја има Заев кој се одмара во сауни во скапи хотели платени со пари од граѓаните, кои чинат и до милион денари, според написите на медиумите, рече тој.

Своја улога имаат и Талат Џафери и младото момче од Службениот весник. Но треба да знаат дека она што го прават е кривично дело, рече Мицкоски и потсети дека ќе поднесат кривични пријави како и проверка на уставноста на законот пред Уставен суд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.