И власта е свесна дека им се одбројани деновите, затоа единствена работа којашто им преостанува да прават е масовниот поткуп, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Ние во наши раце ја немаме полицијата на Спасовски, го немаме обвинителството на Русковска, но во наши раце имаме нешто што тие го немаат, а тоа е народот.
На овие избори на 17 октомври ќе победи најголемата коалиција што некогаш се формирала во независна Македонија, тоа е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот.
Нивното, драги пријатели, заврши. Крајот се гледа. Многу помина, а малку остана, денови се во прашање. Се обидоа да нè понижат, но не им дозволивме. Се обидоа да нè манипулираат, не им дозволивме. Се обидоа да нè поделат, повторно не им дозволивме. Затоа, излезете масовно и гласајте за бројот 7, порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.