Вчера го слушам Заев, од Тетово, како говори за чиста Македонија, во некаков етнички контекст и тоа го поврзува со нас, ние тоа сме го зборувале. Гледам и се чудам на убеденоста дека со уште една лага ќе се прикаже како спасител на етничките заедници, а ние ќе бидеме лошите, назадните.
Прво, никогаш не сум изговорил такво нешто, не е дел од мојот речник, ниту размислување. Но штом сме на темата, јас сум за ИСЧИСТЕНА Македонија од КРИМИНАЛЦИ и ИЗМАМНИЦИ.
Не ги сакам, ниту правам пактови со криминалци кои ја враќаат Македонија назад.
Понатаму, Заев зборува дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се распаднела, ќе имало развод на бракот… Нека гледа во својот двор бидејќи според неговата логика тој веќе се раздели со многу партери од коалицијата: ЛДП, ДОМ, Беса, делумно и со ДУИ.. Кај и да е, по изборите, ќе ја свират песната “Побегуља” од Зона Замфирова. Интересни епизоди кои асоцираат на познатата серија, допрва ќе гледаме, напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.