Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ упатува благодарност за поддршката од Патрик Волер, секретарот за меѓународна соработка на најсилното политичко семејство во ЕУ, Европската народна партија.
Ви честитам за вашата значајна и огромна победа во првиот круг на локалните збори на 17 октомври, вклучувајќи ги важните победи во Аеродром, Штип и Велес. Граѓаните ја поддржаа позитивната и обединувачка кампања, фокусирана на изнаоѓање решенија и проекти кои ќе ја придвижат вашата земја напред. Затоа, во вториот круг на 31 октомври, на нашите кандидати им посакуваме се најдобро, особено во Скопје, Битола и Охрид. Промените се неопходни и промени се возможни, како што се потврди во првиот круг. Сега е ваша одговорност да владеете со нашите заеднички европски принципи и стандарди за подобар живот на граѓаните почнувајќи на локално ниво, вели Волер во видеопораката.
Новата иднина за сите луѓе е заедничка битка за стандарди и вредности какви заслужуваме. Победата на локалните избори е огромниот чекор за промени, проекти и победи. Заедно до новата иднина, пишува Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.