Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски денеска остварија средба со новоназначениот словенечки амбасадор Милан Предан на која разговараа за актуелната политичка, економска и здравствена состојба во Република Македонија.
Мицкоски му честиташе на Предан на преземањето на новата фунција, која, како што рече, уште повеќе ќе ги зацврсти пријателските односи меѓу Словенија и Македонија.
На средбата беше изразено задоволството од одличните билатерални односи и успешната соработка меѓу двете пријателски земји, а разменети беа и мислења за актуелните случувања и состојби во регионот.
Мицкоски укажа и на политичката состојба во која се наоѓа државата каде потенцираше дека криминалот, корупцијата се многу застапени и дека има селективно владеење на правото. Исто така тој кажа дека власта дели тендери на лица кои се блиски до власта и за тоа никој не одговара.
Во текот на средбата претседателот Мицкоски истакна дека власта не знае да се справи со КОВИД-19 и поради нивната неспособност бројoт на заразени и починати е на многу високо ниво. Имено тој посочи дека во врска со пандемијата не се превзема ништо и како на здравствен така и на економски план.
При средбата претседателот Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на членството во Европската унија.
Мицкоски упати благодарност за континуирана поддршка што Словенија ја дава на Македонија во процесот на евроатланска интеграција, напоменувајќи дека како земја – пријател, Македонија смета на континуитет во поддршката од страна на Словенија и во однос на нашите ЕУ аспирации.
На крајот на средбата Мицкоски се заблагодари на амбасадорот на Словенија за средбата и истакна дека се надева ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина и ќе придонесат за доброто на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.