Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со новонименуваниот француски амбасадор Сирил Бомгартнер.
На средбата на која учествуваа и партискиот потпретседател Александар Николски и Игор Николов се разговараше за актуелната политичка, економска, како и здравствена состојба предизвикана од пандемијата.
Новиот француски амбасадор Бомгартнер беше запознаен со последиците од корона со кои се соочува земјава на здравствен и економски план, а стана збор и за бугарското вето на патот на Македонија кон ЕУ.
На средбата со амбасадорот Бомгартнер стана збор и за традиционално добрата соработка со Франција, при што беше заклучено дека има простор за продлабочување на економската сорабтка. Мицкоски упати благодарност за континуираната поддршка што Франција ѝ ја дава на Македонија во процесот на интеграција во ЕУ.
Претседателот Мицоски го информираше новиот француски амбасадор дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат позитивно влијание на членството во Европската унија.
Мицкоски му се заблагодари на амбасадорот на Франција за средбата и истакна дека се надева ваквите средби ќе продолжат и во иднина со цел плодотворна соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.