Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во Само Вистина каде се соочува со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, му посочи на Заев дека ставиле член бомбите да не важат.

-Како ќе суди судијата господине Заев, како вие што ќе кажете, по принципот на „трас трас“ или по принципот „оваа одлука без Заев не можеше да се донесе“?, изјави Мицкоски на вечерашниот дуел со лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Канал 5 телевизија.

Понатаму тој додаде:

Навистина не можам да го разберам, дека е објективно дека гарантира правда, правичност, но еве ќе си дозволам пред вас да го прочитам членот 110 од овој Закон, став 1 вели „јавното обвинителство не може да го заснова обвинението врз основа на незаконски прислушувани материјали“ каде е тука јавниот интерес? Каде е тука Судот за човекови права во Стразбур?.

Мицкоски истакна дека има многу случаи каде што и нелегално стекнат материјали поради јавен интерес и основано сомнение за криминал се земаат како докази.

„Да ги читам став 2 и став 3? Знаете што е дефиниција за заробена држава, кога се прави закон за определена група на луѓе. Законот вика исклучок од овој член се предметите од јавното обвинителство поранешното СЈО кои што се поднесени до 30 јуни, а се што е после 30 јуни може да се користат само како индиции и да нив не може да се заснова обвинителен акт. Во законот за кривична постапка велат доказите кои што се доставени стекнати на нелегален начин не може да бидат третирани како докази. Како ќе суди судијата господине Заев, како вие што ќе кажете, по принципот на „трас трас“ или по принципот „оваа одлука без Заев не можеше да се донесе“?, потенцираше Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.