Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју во емисијата „Објектив“ на Македонската телевизија, одговарајќи на прашањето дали се слушнал со Димитар Ковачевски по неговиот избор за претседател на СДСМ и да дали се разговарало за средба на којашто ќе се разговара за актуелни прашање на државата, изјави дека искомуницирал, му честитал, но немало таков разговор за можна средба.

Мицкоски додаде дека, ако се суди по почетокот каде што Ковачевски манифестирал благ наклон кон Зоран Заев, не очекува некоја драматична разлика од политиките на Заевизмот.

Па мислам дека ако судиме по почетокот и оној еден благ наклон што го манифестираше на отворена сцена кон неговиот претходник, не очекувам некоја драматична разлика од политиките на Заевизмот – изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.