Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ му го честиташе и му посака одлични резултати во работата на словенечкиот премиер Јанез Јанша, чија земја го презеде претседателствувањето на Европската унија.

Честитки за мојот пријател и пријателот на Македонија, Јанез Јанша. Македонија долго е пред вратите на ЕУ, македонскиот народ, сите граѓани заслужуваат европска иднина.
Посакувам Македонија конечно да се придвижи на патот кон ЕУ, бидејќи само така ќе им се помогне на граѓаните кои се заглавени во сиромаштија, притиснати од криминал и неспособна власт. Знам дека во остварувањето на оваа наша заложба ќе ја имаме поддршката од пријателска Словенија!, објави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.