Мораме да ја демонтираме мафијата пред тие да ја демонтираат државата, мораме да ја сочуваме Македонија пред тие да ја распродадат татковината! ВМРО е пркос, пиреј, аманет, обврска, должност, почитување, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на протестот со автомобили кој партијата го организираше во Скопје.
Мицоски посочи дека ВМРО е нивната сила, но и нивната слабост.
ВМРО се Илинденците, Партизаните, Асномците. Македонија е и потта на земјоделците, крикот на младите, волјата на спортистите, надежта во Европа. Љубовта кон земјата од уставобранителите. ВМРО е и чекањето за подобра иднина, но немирот за слобода, правда и човечко достоинство. Ако ВМРО е нашата икона во која веруваме, тогаш Македонија е домот, храмот на таа икона – е пораката на Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.