Мораме да ја демонтираме мафијата пред тие да ја демонтираат државата, мораме да ја сочуваме Македонија пред тие да ја распродадат татковината! ВМРО е пркос, пиреј, аманет, обврска, должност, почитување, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест со автомобили кој партијата го организираше во Скопје.
Тој посочи дека ВМРО е нивната сила, но и нивната слабост.
ВМРО се Илинденците, Партизаните, Асномците. Македонија е и потта на земјоделците, крикот на младите, волјата на спортистите, надежта во Европа. Љубовта кон земјата од уставобранителите. ВМРО е и чекањето за подобра иднина, но немирот за слобода, правда и човечко достоинство. Ако ВМРО е нашата икона во која веруваме, тогаш Македонија е домот, храмот на таа икона, напиша Мицкоски на Фејсбук по завршување на протестот.
Мораме да ја демонтираме мафијата пред тие да ја демонтираат државата, мораме да ја сочуваме Македонија пред тие да ја…
Posted by Hristijan Mickoski on Friday, 23 October 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.