Тој човек е исклучен од партијата долго време, сега се обидува да направи нешто и мислам неуспешно ќе биде тоа. Иако до мене стигнуваат шпекулации како ќе влезел во партијата, но мислам дека сепак тоа е само во дел од шпекулациите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа на гостувањето на емисијата „Што не е јасно“ говорејќи за активностите на Сашо Мијалков кој е излезен од ВМРО-ДПМНЕ.
Според Мицкоски станува збор за одработување за Заев.
-Следите дека судиите забораваат да закажат рочиште кога тој е во прашање, но мислам дека тоа се луѓе кои се во скутот на Заеви. Ако не соработуваа знаат како ќе завршат. Мијалков одработува и е во скутот на Заев со цел да се спаси од сомнежите за криминал против него, судиите забораваат да закажат рочиште кога тој е во прашање, посочи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.