Велигденско интервју на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за Прес 24. Во интервјуто зборува за претстојните претседателски избори, за претседателските кандидати, политичките потези на актуелната влада предводена од премиерот Зоран Заев, но и за тоа што ќе им понуди ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните по предвремените парламентарни избори.
Ќе понудиме решенија за секој проблем на граѓаните… Имаме обврска да ја смениме повеќедецениската слика за политичарите во Македонија кои во голема мера го разочараа народот и го ставија во апатија….Заев во кампањата на неговиот кандидат Пендаровски не се појавува во ниту еден спот, а тоа е така затоа што и тие знаат дека Заев носи негативен рејтинг, дека не го сака народот и дека може уште повеќе да го повлече Пендаровски надоле….Иако Премиерот упати директна закана за државната администрација, таа не треба да стравува за своите работни места, на секому кому ќе му нанесат неправда, ние ќе ја исправиме…. Ќе го вратиме законското усогласување со кое се покачуваа пензиите на пензионерите. И ќе овоможиме повеќекратни зголемувања… Очекувам победа, да не ни се случуваат брзи прсти какви имавме за време на референдумот и какви се појавија срамежливо во првиот круг на изборите…. Нема правда без одговорност. Ќе донесеме правда и секој кој нанел неправда ќе одговора…, дел од пораките од интервјуто со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
За чистката и ветената метла на Заев Мицкоски вели дека е иста како и секоја лага на премиерот, како што беше и ветувањето за живот во Македонија. Мицкоски е убеден дека оваа операција не е обид да расчисти со криминалот, туку да си ја зачува фотелјата.
Тоа е крик на поразен човек кој продава веќе познати трикови. И самото тоа препелкање покажува колку нему му е важна власта, не за да помогне туку единствено важна му е да си ги зачува бинисите и матните зделки. Заев е сидрото кое не ја стабилизира државата, туку ја влече надолу да потоне. Тоа го знаат и луѓето во неговата партија. Погледнете Заев во кампањата на неговиот кандидат Пендаровски не се појавува во ниту еден спот, а тоа е така затоа што и тие знаат дека Заев носи негативен рејтинг, дека не го сака народот и дека може уште повеќе да го повлече Пендаровски надолу, иако овој е негова копија.
Иако, Заев звучеше уверливо и кога велеше дека ќе донесе живот, дека ќе го исчисти воздухот, дека ќе донесе 500 евра плата, или пак кога се колнеше во жицата и во предците дека нема да го смени Уставот, но фактите, смета Мицкоски, покажуваат дека ништо од ова не стана реално.
Знаете, имаме две полувремиња. Првиот круг од изборите кога истиот тој Заев велеше дека имало 760 милиони евра инвестиции, се качувале плати, судството се отворило како пупка, имало голем број на ново вработени, дека сме блескале во светот и дека ќе одиме напред. По шамарот кој му го испорачаа граѓаните после првиот круг од изборите, дојде второто полувреме, оној Заев кој е комплетно друга личност од овој во првиот круг, сега вели ништо не чини, ќе фаќал метлата. И треба да осговори кога лажеше, првиот круг кога се колнеше дека блескаме или вториот круг кога се фати за метлата. Ќе ви кажам и тогаш и сега лаже, само фотелја го интересира, вели Мицкоски во интервјуто за Прес 24.
Целото интервју ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.