Во интервју за телевизијата Канал 5, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски зборува за евроатлантските перспективи на Македонија, за метлата на Заев, за можноста за предвремени избори ,но и зошто ВМРО-ДПМНЕ преферира парада на семејни вредности а не парада на гордоста.
Јас не видов метла, видов една метла која беше резултат на притисокот од социјалните мрежи и јавноста кога на сите им беше јасно дека Заев не може да биде и премиер и министер за финансии. Заев ги потцени сите во Министерството за финансии и Владата. Мораме да ги натераме овие луѓе во Владата дека ова што го прават не е добро. Затоа е подобро час поскоро да распишат предвремени парламентарни избори. Заев во Собранието изјави дека ќе не смачка на избори па еве нека распише избори, па еве нека распише избори, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Comments are closed for this post.