Ниту сум имал ниту ќе имам лоши односи со меѓународната заедница, која за мене е подеднакво важна како и домашната јавност, инаку обвинувањата не би ги коментирал, бидејќи се неосновани, потенцираше Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Отворена програма“ на Македонската национална телевизија.
Изминатиот период имав голем број средби со претставници на меѓународната заедница, разменивме ставови, мислења, позиции и во периодот кој што следи ќе патувам и исто така ќе имам можност да разговарам на различни теми, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека со меѓународната заедница нема лоши односи, туку напротив има односи кои што се на едно рамноправно ниво, односи кои што се пријателски и партнерски. ВМРО-ДПМНЕ од самото свое формирање е партија која што е силно ориентирано кон евроатлантските интеграции и се разбира за овој договор каде што практично македонската јавност беше ставена пред ултиматум, земи или остави, без можност да промени нешто имавме различни ставови и тоа е легитимно во едно демократско општество и не знам што е грешката тука, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.