Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски четири години е цел на црна пропаганда од станата на власта. Тој објаснува дека причината е јасна бидејќи со него Заев не може да се договара за распродавање на национални интереси.
Му порача дека договор со криминалот никогаш нема да прави.
Тоа е така затоа што тие луѓе како што вели Зоран Заев не можат да се договорат со нив. Како вика Зоран Заев јас не можам со него да се договорам. Епа, не може. Јас со криминал не се договарам. Тоа е мојата црвена линија. Тоа им пречи на луѓето кои што се обединети против мене“, рече Мицкоски.
Лидерот на опозицијата ги посочува и примерите на бруталната кампања против него како што случајот „Теретана“, кафаната и излезе оти тоа биле лаги и конструкции.
јас од првиот ден практично, заклучно денеска во Вашата емисија сум цел на една брутална негативна кампања, со невистини, со лаги, со конструкции, шпекулации. Не знам ме нарекуваа едно, излезе Антикорупциската Комисија уште за претседателските избори докажа кажа дека нема незаконитости, нема во тој случај злоупотреба на положбата. Потоа ми монтираа случаи дека сум ја злоупотребувал вонредната состојба, и мерките па сум одел во теретана сум вежбал- додаде Мицкоски за „ТВ 21“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.