Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил упати порака за македонскиот народ масовно да се попише.

Порака до македонскиот народ масовно да се попише, да не верува на анационалните структури кои заговараат бојкот и прават штета на својата држава и народ, како неколкупати во изминатите 3 години.

Владата и ДИК се одговорни за резултатите од пописот, а за само месец дена, на локалните избори, преку користење на апаратите за отпечаток на прст, имаме можност на примерок од повеќе од 50% од населението, да ја провериме точноста на податоците од овој попис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.