Право на протест е право на сите граѓани, а сега по изјавите на Зоран Заев, сега мора да се дејствува, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во емисијата Клик плус што се емитува на Телевизија 21.
Мицкоски ни самиот не може да најде одговор зошто тоа Заев ги даде тие одговори на интервјуто за БГНЕС. Го искоментира и начинот на изразување на премиерот на македонската влада.
– Мислам дека Македонците во Струмица зборуваат на дијалект на македонскиот јазик, но македонскиот во Струмица не може да е дијалект на бугарскиот јазик кој се говори во Петрич. Тоа е голема глупост за тој медиум не знам дали е од незнаење или од немоќ, рече Мицкоски.
Според него се додека Бугарите не разберат дека сме два различни народи, се додека тоа не го расчистиме не можеме да говориме.
-Мора да направиме разлика меѓу македонксиот и бугарскиот народ, рече Мицкоски укажувајќи дека по вакви ставови мора да се реагира, да се делува.
Понатаму нагласи:
-До сега сум критикувал, но по ова треба да се делува згрозена е македонската јавност, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.