Ги слушам Заев и Пендаровски како повторно се обидуваат да играат на картата на кратко помнење, се обидуваат со некоја шарена лага, ветувајќи им на граѓаните дека ќе оделе напред. Заев и Пендаровски, едниот со инспекторите под мишка, евро по евро во торбичето украдени пари од граѓаните, а овој другиот слугувајќи му на Заев ќе не убедува дека не чека блескава иднина, само требало него да го избереме, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во О. Центар.

Првиот голем чекор на народот ќе биде на 21 април, вториот на 5 мај со победата на претседателските избори, а третиот ќе биде победа на предвремените парламентарни избори и формирање на влада на РМ која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш ќе започне вистинската битка за Македонија на секое поле за секој еден човек, затоа што ќе треба од пепел да ја креваме Македонија, додаде Мицкоски пред центарци.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.