Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во божикната честитка на верниците им посака мир и благосостојба, многу среќа, здравје, спокој и љубов.

Македонија со отворени раце го прифати Христијанството кое е камен темелник на западната цивилизација. Учењето Христово нека е ѕвезда водилка за секој еден од нас, неговите дела, пожртвуваноста, мудроста, љубовта нека служат за пример. Традиционалните вредности се оние кои не обединуваат како народ, како општество и се вредностите кои ни го поплочуваат патот за просперитетна и успешна Република Македонија.

Христијанството не учи на надеж, надеж за подобро утре кое со посветеност и работа можеме заеднички да го изградиме за нас и иднините поколенија. Македонија е пред големи предизвици, но верувам во мојот народ дека ќе донесе одлуки кои ќе значат сигурност, правда и обнова. Да ставиме крај на поразите, доаѓа времето на чесни и принципиелни луѓе кои ќе работат во интерес на народот. Ќе ставиме крај на тонењето и неправдите. Македонија има луѓе за нови победи и успеси, а нивната шанса доаѓа допрва, пишува во честитката на Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.