Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека во Македонија е неопходно што поскоро да се одржат предвремени парламентарни избори.

Час поскоро треба да се одржат предвремени парламентарни избори бидејќи ова нестабилно, мало, тенко владино мнозинство покажа дека Македонија е хибриден режим, дека е заглавена во корупција, по што е на 111-то место во светот. Според сите останати други скали на мерења, по број на странски инвеститори, по пад на економијата, ние уназадуваме или сме на дното во регионот – потенцира Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на компанијата „Порше Македонија“.

Според Мицкоски, Владата јасно покажала дека не знае како, дека нема вештини ниту план како да ја води државата напред.

Час поскоро треба да има ново, стабилно владино мнозинство кое многу ќе работи, бидејќи нема веднаш да дојдат придобивките преку ноќ. Треба многу работа, многу откажување, чесни луѓе и чесни политичари кои не се огрешени и заглавени во криминал за да можеме Македонија да ја извадеме на прав пат – порача Мицкоски.

Тој додаде дека се можни предвремени парламентарни избори заедно со локалните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.