Македонските граѓани не можат да патуваат во Европската Унија, им забранивте на македонцитее да патуваат во Европа, тоа е единственото што вие го направивте за Македонија, му посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Зоран Заев на денешниот телевизиски дуел, кој е втори по ред од почетокот на кампањата за предвремените парламентарни избори.

Дуелот се одржа на националниот сервис, МТВ1 каде што Мицкоски му порача на претседателот на СДСМ, Зоран Заев дека Европската Унија ги зарвори границите за Македонските граѓани и тие не се добредојдени таму, затоа што доживеале дебакл во справувањето со падемијата која што е предизвикана од корона вирусот.

-Вие единствено денeска што направивте во Македонија е, им забранивте на Mакедонците, на граѓаните во Македонија да патуваат во Европа. Затоа што денска Европската Унија ги затвори границите за граѓаните на Македонија, затоа што она што се фалевте на почеток на емисијата од ваш успех се претвори во ваш дебакл. Денеска македонците и граѓаните од Македонија се недобредојдени во рамките на Европската Унија, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.